Да се забрани секаква форма на рекламирање на обложување во печатени и во електронски медиуми (по примерот на забраната за рекламирање цигари). Истражувањето било направено во рамки на регионалниот проект „Младите и коцкањето", што го спроведува ХОПС- Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Лабиринт од Косово и Превент од Србија, а со поддршка на Western Balkans Fund . - Во сите три земји е забрането за лица помлади од 18 години да учествуваат во игрите на среќа.
Само во Србија постои законска обврска за приредувачите на игрите на среќа да ги информираат граѓаните за ризиците од стекнување на зависност, како и за можните опции за лекување на зависност со јавно истакнување на контакт од институциите каде што граѓаните можат да се обратат доколку се зависни од играње игри на среќа. Kanal5
Се препорачува да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа.
Потоа, да се направат промени во правната регулатива со која на јасен начин ќе се утврди обврската на приредувачите на игри на среќа да ги едуцираат своите вработени за препознавање на зависност кај играчите на нивните игри и споделување информации за можностите за лекување на зависноста и да се спроведе информативна кампања за опасностите од зависноста од игрите на среќа кај малолетници и лица помлади од 25 години. Skopjeinfo
Сепак, не е мал бројот и на оние кои одговориле дека играат за да заработат пари (24,8%) и затоа што мнозинството од нивните пријатели и пријателки се обложуваат (16%). Дванаесет проценти рекле дека играат игри на среќа затоа што се зависни од адреналин.
Врз основа на наодите од анализата на правната рамка за игрите на среќа во Македонија и на разговорот со учесниците од фокус групата и истражувањето направено онлајн со 214 лица помлади од 25 години кои играат игри на среќа, утврдени се неколку препораки. Netpress
Очигледно е дека бројот на млади луѓе кои играат игри на среќа во Р. Македонија е прилично голем.
Дури 71% од 214 учесници во онлајн истражувањето се изјасниле дека играле игри на среќа, а 17,8% од нив рекле дека се зависни од играње. Netpress
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот денеска на прес – конференција Скопје ќе ги презентира резултатите од истражувањето “Младите и нивните навики за обложување во Северна Македонија, во Србија и во Косово” . Како што информираат органзиаторите, по прес – конференцијата, ќе се одржи и регионална конференција на тема: “Младите и коцкањето“ на која ќе присуствуваат претставници на министерствата и институциите надлежни за ова прашање од Северна Македонија, Србија и Косово. вг/Фото: МИА Архива . Извор: МИА. Biznisvesti
Дури 50% од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден.
Ова укажува на голема веројатност дека значаен процент од младите во РСМ веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше споделено на настанот. Netpress