Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Kanal5
Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите.
Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Denesen
Истото се случи и во понеделникот наутро, кога поради доцнење на полнење гориво во автобусите, скопјани чекаа и по еден час автобус на почетните станици.
Во соопштението од Град Скопје се вели „Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје. Nezavisen
Од попладнево, јавниот превоз во Скопје ќе биде прекинат поради недостаток на нафта, соопштуваат вработени во ЈСП „Скопје“. Telma
Голем дел од граѓаните не ни успеваат да се качат во автобусите.
Снимките се од станицата кај Зелено пазарче во центарот на Скопје. Telma