Гордана Сиљановска-Давкова, како добар правник, многу добро знае дека обврските преземени со меѓународни договори едноставно мора да се почитуваат, изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи ја вчерашната изјава на македонската претседателка дека излезното, соломонско решение за спорот со Бугарија се уставни измени со одложено дејство, пренесе бугарската агенција . Радев, како што јавува агенцијата, го демантирал тврдењето на македонската претседателката дека на нивната средба во Баку тој не го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство. Libertas