Колку точно Мицкоски ја протолкувал пораката на Агелер, ќе дознаеме наскоро, според неговите потези кои ќе ги преземе во наредните денови Честитки за новата позиција на Шекеринска, која е прв висок функционер од Западен Балкан во НАТО и одигра клучна улога во зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата дојдоа и од колегите од нејзината партија, Филипче, Спасовски, Ковачевски, Заев, Десковска, Маричиќ, Зајкова… Се уште не се пристигнати честитките и признанието од премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски, кои по треземањето на власта се редовни посетители на самити и средби во НАТО, како и од претседателката Силјановски Давкова, која воедно е и врховен командант на Армијата, за изборот на Радмила Шеќеринска на местото заменик генерален секретар на НАТО, за што сакале/несакале, ќе мора да признаат дека е огромен успех на Република Северна Македонија , и преку изборот на Шекеринска, признание на нејзината посветеност при носењето на историската одлука земјата да стане, сега веќе признаена и ценета полноправна членка на НАТО. Civilmedia