Воедно, таа изборот на Шекеринска му го честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата, за тоа што, како што вели, застанале зад нејзината кандидатура, што најверојатно, со дипломатски речник значи честитка затоа што успеле да се воздржат да не го блокираат процесот, што е вообичаена пракса на ВМРО-ДПМНЕ, како што беше случајот токму со напорите за уставните измени со промена на името за влез во НАТО, и сега со уставните измени за внесување на бугарите во Уставот со цел отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. „Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура.