Од друга страна, пак, министерот за здравство Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, во гостување на косовската телевизија Коха, изјавата на Курти ја оцени како коректна, додавајќи дека стратешка грешка е што досега не била отстранета формулацијата 20 проценти во Уставот, за што го обвини лидерот на ДУИ Претставници и функционери на партиите и коалициите на Албанците од власта и опозицијата во земјава со дијаметрално спротивставени наративи ја коментираат и оценуваат вчерашната изјава на косовскиот премиер Албин Курти во врска со претстојната одлука на Уставниот суд на Северна Македонија за Законот за јазиците “ Курти на прес-конференцијата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Приштина, каде што вчера владите на двете земји одржаа заедничка седница, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за загрозување на албанскиот јазик во С Македонија, рече дека треба да се почека одлуката на Уставниот суд, кој, според косовскиот премиер, нема да направи ниту исклучување ниту дискриминација и го почитува повеќејазичниот карактер во земјата.
Премиерот Христијан Мицкоски, на гостување во Радио Телевизија Косово, зборуваше за уставноста на Законот за јазиците, и кажа дека во Македонија нема никој против албанскиот јазик.