На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Северна Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија.
„Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот.“, додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места. Press24
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина. Republika
Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања.
Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. Press24
Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда.
Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања. Netpress
Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје и утрово беше прв најзагаден град во Европа, а на 10-то место во свет, со индекс на загадување од 124.
Според извештајот што годинава го објави IQ Air, постои подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички во однос на лани, но сепак Македонија и натаму е на второто место на најзагадена европска држава, зад Босна и Херцеговина. Kajgana
„Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни.
Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Netpress