Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
137
28.24
34.59
40.03/7.94
137.00
42.71
0.31
11857.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 137
232 ■ 0.99/0.01 ■ 14 ■ 1344.8
Best clustering variants
232 0.99/0.01 14 1344.8
09:54 h 22-Nov-2024
  • Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.
  • ◉ ЈСП ПАК ВОЗИ НИЗ СКОПЈЕ: Владата му позајми нафта за следната недела, автобусите се враќаат на редовните градски линии
18:56 h 21-Nov-2024
  • Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.
  • Утре ќе биде нормализиран сообраќајот во Скопје
12:34 h
  • Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.
  • Се вклучува и финансиската полиција, ги проверува јавните набавки за мазут при ЈСП
11:09 h
  • Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон.
  • Биро за јавни набавки: ЈСП за набавка на гориво избрало неприфатлива понуда за најповолна
08:15 h
  • Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје, а граѓаните се снаоѓаат како знаат и умеат да стигнат на посакуваното одредиште.
  • СКОПЈЕ РЕЧИСИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ Автобусите во гаража, а граѓаните се снаоѓаат како да стигнат на работа
16:29 h 20-Nov-2024
  • Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво.
  • Стојановски: Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг
16:06 h
  • Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.
  • Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје
14:45 h
  • Автобусите паркирани… наместо на улица во сообраќај, изутрината ги најдовме во гаражата на Јавното сообраќајно претпријатие… Само околу 20 проценти од нив беа пуштени во сообраќај, и тоа со последните капки гориво, пишува Алфа.
  • ЈСП остана без гориво, низ Скопје возат само 25 автобуси
14:05 h
  • Јавниот превоз во Скопје е пред тотален колапс.
  • 📷 НЕМА НАФТА, НЕМА ПРЕВОЗ! Ќе смени ли нешто протестот во петок?
11:11 h
  • Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје се соочува со досега најголеми проблеми во функционирањето, нема доволно гориво за сите автобуси, а оние кои сообраќаат, доцнат со часови со што е загрозено и функционирањето и на работниците и на учениците.
  • Хаос со градскиот превоз: ЈСП нема гориво, автобусите доцнат, а учениците пропуштаат часови
360stepeni

„Кадарот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки, Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за првпат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио.

Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат“, Оттаму велат дека од моментот кога премиерот Христијан Мицкоски „отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. 360stepeni

360stepeni

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“, поради што колабираше јавниот превоз во главниот град.

Арсовска, во интревју за Телма, кое во целост ќе биде емитувано во попладневните информативни изданија на телевизијата, вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија. 360stepeni

Libertas

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска како небулозно го оценува образложението на Бирото за јавни набавки за поништената набавка на гориво еуродизел за автобусите на ЈСП „Скопје“ и вели дека не може да се зборува за подобра или полоша понуда за набавка на гориво, во ситуација кога цената е регулирана од страна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). -Она што беше дадено како образложение во јавноста, односно како причина за (поништување н.з.) на самата набавка за нас е небулозно затоа што не можете вие да имате подобра или полоша понуда за набавка на гориво каде што цената е регулирана од страна на Регулаторната комисија на Република Македонија.

Таа е иста цена за сите, не може да биде поголема или пониска, не може да се наддава на таа цена затоа што цената е веќе одредена од Регулаторната комисија за енергетика, рече скопската градоначалничка во интервју за ТВ Телма. Libertas