И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз, рече Мицкоски кој беше покровител на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан во Белград, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз. Civilmedia