Kanal5
Така што мислам дека е прерано да се прејудицира дали тие на конгресот ќе успеат да најдат нова приказна или не, предизвиците ќе останат за нив, бидејќи се уште е рано во мандатот на новата влада која доби значително мнозинство, допрва предизвите ќе ги гледаме заклучно со локалните избори 2025, изјави Арсовски за Канал 5. По двата Конгреси се очекува да биде извесно и дали ќе биде продолжен мандатот на Филипче до локалните избори догодина, а кој според актуелниот партиски статут треба да заврши во март 2025.
Утре, според најавите, ќе се формира нов состав на Централниот одбор, кој пак, според статутот, е надлежен да ги избере партиските потпретседатели и генералниот секретар, а новина, како што претходно соопштија од СДСМ, ќе биде изборот на двајца организациски секретари за засилување на оперативната работа на партијата. Kanal5