СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор. Fokus
Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисоките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор), информираа денеска од СДСМ.
На почетокот на највисокиот орган на партијата, обраќање ќе има претседателот на СДСМ Венко Филипче, кое ќе можат да го проследат и медиумите. Fokus
На почетокот ќе има отворен дел од конгресот.
Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти, а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Plusinfo
Портпаролката на партијата Богданка Кузеска вчера информираше дека конгресот ќе има отворен и работен дел, а ќе се разговара за идните политики на партијата.
Според најавата, прво ќе биде отворениот дел од конгресот на кој ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче. Libertas
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки. Fokus
СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Republika
ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот говор на 30. Конгрес. Fokus
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, на 30. Конгрес, ќе избере ново раководство. Plusinfo
Со нив, Филипче треба да ја консолидира партијата, да го врати и обедини членството, да ја преземе улогата на главна опозициска партија и да ѝ парира на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, за помалку од една година.
Тоа ќе биде тешка задача, со оглед на опаѓачкиот рејтинг на СДСМ и растечкиот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Plusinfo
Со многу критики се согласувам и тие се водилка на кои ќе се водиме во иднина.
СДСМ нема да се откаже, тоа на сите треба да им биде јасно. Kanal5