Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисоките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор), информираа денеска од СДСМ.
На почетокот на највисокиот орган на партијата, обраќање ќе има претседателот на СДСМ Венко Филипче, кое ќе можат да го проследат и медиумите. Libertas
„Новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче на 30-от Конгрес на партијата.
Денеска партијата го одржува својот 29 и 30 конгрес на кој одбира новото раководство односно новите членови на Централниот и Надзорниот одбор кои ќе се спротивстават на партизацијата на институциите, режимското владеење, селективната правда, заробеништвото на медиумскиот простор и кочењето на евроинтеграцискиот напредок кој СДСМ го направи изминатите години. Press24
СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ. Netpress
„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки. Libertas
На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ.
Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство, рече Филипче. Republika
Тука се и претставници на други опозициски партии НСДП, ЛДП и други.
Денеска продолжи и 29-тиот Конгрес на партијата, којшто се одржа пред почеток на 30 Конгрес на СДСМ, се констатираше недоверба на органите на Централниот и Надзорниот одбор и се констатираше оставката на досегашната заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска. Novamakedonija
СДСМ денеска на партиски конгрес во „Александар Палас“ во Скопје, ќе го одржи 30. Конгрес, на кој ќе избере ново раководството. Mk
СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата. Republika
„Радмила е симбол на интелигенцијата, политичката мудрост и визионерството кое го краси СДСМ од неговото основање.
Нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО е уште една потврда дека СДСМ е секогаш на вистинската страна на историјата, носејќи го товарот на најважните историски одлуки за иднината на Македонија. Netpress
ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот говор на 30. Конгрес. Libertas
Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата „Отворено општество“ и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија, рече Филипче.
На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата ќе избрано и целото ново раководство на СДСМ. Republika
ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби“, порача Филипче.
Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Denesen
СДСМ на конгрес утре ќе избира ново партиско раководство. Sitel
Тој се осврна на постојаниот впечаток во јавноста сите овие години – дека ароганцијата е дел од однесувањето на СДСМ.
„Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Nezavisen
Ова е и потврда за македонскиот национален идентитет кој само ќе јакне и ќе се етаблира во светски рамки, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ истакна дека новото раководство на СДСМ ќе биде исправено пред голема одговорност – да ги разобличи лагите, популизмот и опасните политики на актуелната власт. Telma
Неизвесно е дали таа и понатаму ќе ја извршува оваа партиска функција, затоа што досега од Бихаќка не излегоа со ниту едно име.
Се претпоставува дека потпретседател повторно ќе биде жена, со оглед на родовите политики на партијата. Plusinfo