„Денеска потпишавме два документа со коишто правиме еден чекор напред во борбата со криминалот којшто претставува закана за развојот на државата.
Превенирај и спречи е целта на овој Меморандум којшто создава основа за една зајакната соработка помеѓу двете институции и органите во нивен состав, а која ќе се постигне преку координирано дејствување, размена на податоци, заеднички активности и акции, размена на информации, електронско поврзување, како и заедничка едукација и стручно усовршување на кадри“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека потпишувањето на овој Меморандум е потврда за нашата определба за справување со криминалот имајќи предвид дека последниот Меморандум е потпишан во 2006 година. Mk