„Денеска реагираме на ароганцијата и негрижата на ДПМНЕ за граѓаните и нивниот животен стандард“, рече на партиска прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Без аргументи и без било какво чувство за проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните соочени со големи поскапувања и раст на трошоците за живот ДПМНЕ ги одби амандманите на СДСМ за покачување на платите Одбиени се амандманите за поголема плата за работниците, одбиен е амандманот за покачување на платите на полицајците за 20%, на пожарникарите, на платите во образованието.