Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
102
33.84
33.88
30.00/8.01
102.00
33.56
0.33
8335.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 102
155 ■ 0.99/0.01 ■ 11 ■ 874.5
Best clustering variants
155 0.99/0.01 11 874.5
14:20 h 25-Nov-2024
  • Опозициската СДСМ ги отфрли денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и ѝ порача на владејачката партија дека била вознемирена од „новата сила, енергијата и ентузијазамот кој беше многу видлив на вчерашниот конгрес“.
  • ◉ СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е вознемирено од „силата и енергијата на конгресот“
17:18 h 24-Nov-2024
  • Фани Каранфилова Пановска денеска е избрана за нова заменик претседателка на СДСМ, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30. конгрес.
  • Поранешната директорка на „Отворено општество“ стана потпретседателка на СДСМ
15:33 h
  • Фани Каранфилова Павловска е избрана за нов заменик претседател на СДСМ.
  • Фани Каранфилова Павловска нов заменик претседател на СДСМ
13:51 h
  • Венко Филипче, лидерот на СДСМ, денеска се обрати по повод Конгресот на кој ќе се избира Централен одбор на партијата.
  • Филипче: Да се води СДСМ е потешко од сложена операција, ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици
11:54 h
  • СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови на највисоките тела, како и на Централниот и Надзорниот одбор.
  • СДСМ ИЗБИРА НОВО РАКОВОДСТВО: 30 конгрес на партијата е закажан во 13 часот во хотелот Александар Палас
08:54 h
  • СДСМ денеска на партиски конгрес во „Александар Палас“ во Скопје, ќе го одржи 30. Конгрес, на кој ќе избере ново раководството.
  • СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство
22:11 h 23-Nov-2024
  • Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, на 30. Конгрес, ќе избере ново раководство.
  • СДСМ ЌЕ СЕ СПАСУВА СО НОВИ ЛИЦА И НОВИ ПОЛИТИКИ? Филипче утре на 30. Конгрес ќе ги добие најблиските соработници
15:16 h
  • СДСМ утре во Скопје ќе одржи два Конгреса – отчетен за причините за катастрофалниот пораз на изборите, кој почна летото, но беше прекинат, како и Конгрес на кој претседателот Венко Филипче ќе предложи избор на ново партиско раководство..
  • СДСМ утре ќе одржи два Конгреса – отчетен и за избор на ново раководство
14:17 h
  • СДСМ утре ќе го одржи 30-тиот Конгрес, на кој се очекува да биде избрано новото раководство на партијата.
  • СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство
14:16 h
  • Утре со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ, информираат од опозициската партија.
  • СДСМ утре на 30-тиот Конгрес на партијата ќе избира ново раководство
Press24

„СДСМ мора интензивно и бескомпромисно да зрачи и да делува согласно својот автентичен вредносен систем идеологија и наратив, кои ќе бидат главната окосница што ќе ја одржува и зајакнува внатрешната кохезија и заедништвото во партијата.

Со многу работа, посветеност, конзистентност, искреност во пристапот и намерите, со дијалог, солидарност, емпатија и уважување на различните ставови и позиции, како и со вреднување на различностите како привилегија и богатство на една демократска партија, убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија - нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија“порача новата Заменичка-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска. Press24

  • Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ.
360stepeni

„Одговорноста е огромна пред сѐ заради фактот што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е исправен пред предизвикот да ја исцрта и уште поважно да ја одработи траекторијата на промените и реформите на партијата кои ќе го обезбедат нејзиниот понатамошен развој и ќе го отелотворат нејзиниот правец на делување, процеси кои треба и мора да ја вратат партијата на вистинскиот колосек“, Во обраќањето пред делегатите, Каранфилова-Пановска посочи дека во оваа фаза во која се наоѓа сега СДСМ, клучно е враќањето на довербата на слободоумните граѓаните.

„Моето нафаќање и ангажман ќе биде особено значајно и се надевам ќе биде од голема помош, во оваа фаза на темелни внатрешни промени и реформи, дефинирање на новиот курс и позиционирањето на партијата, имајќи ги предвид сите предивизици, а особено, оној, за мене клучен и суштински, а тоа е враќањето на довербата кон СДСМ од страна на слободоумните граѓани на кои вредносната оска на социјалдемократијата им е блиска, а кои во изминатиот период се разочараа од СДСМ и се чувствуваат изневерено. 360stepeni