„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија.
Иницијативата за демократизација и промени во Либерално демократската партија е жива.
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, повикува на детално разгледување и поскоро носење на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, кој вчера по втор пат го поднесе во македонското Собрание.