Тоа во практика значи дека, порано или подоцна, во рамките на преговорите за членство, Бугарија повторно ќе го изнесе на маса прашањето за јазикот, со што ќе ја доведе земјава во ситуација или целосно да ги прекине преговорите со ЕУ, без оглед што претходно направила многу отстапки, или, пак, да се согласи со идентитетско обезличување, што во суштина ќе значи крај на македонскиот народ, јазик, историја и култура.