„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија. Fokus
Прашана за тоа колку внатрепартиската битка за превласт во ЛДП е, вусшност, битка за обезбедување подобри позиции и контрола при евентуални преговори со ВМРО-ДПМНЕ за влез во власта, Зајкова одговори дека не знае каде се нудат овие луѓе или какви интереси застапуваат, иако смета дека „ќе да се изгубените интереси во прашање“.
На дополнително прашање дали чувствува дека таа група ја трука кон преговори за влез во власта, лидерката на ЛДП рече дека таа лично не потпаѓа под притисоци оти поаѓа од идеалот на либералната демократија и во Собранието работи за подобри закони за граѓаните. Libertas
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, викендов во Битола на дел од основачите на партијата, Дејан Ристевски, Горан Савевски и Валентин Соклевски, им додели благодарници и пригодни подароци за нивниот особен придонес во растот на ЛДП. A1on
Сè уште не може да се забележи драстична разлика во владеењето меѓу актуелната влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ и претходната предводена од СДСМ, вели пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Единствениот исчекор досега, според Зајкова, е забрзана динамика во реализацијата на инфраструктурните проекти, особено во делот на автопатиштата. 360stepeni
Дали екслидерот на партијата и актуелен амбасадор во Словенија, Горан Милевски, стои зад иницијативата за вонреден конгрес и оставка на , е едно од прашањата на кои одговара претседателката на Либералнодемократската партија (ЛДП), која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Зајкова, која соопшти дека во парламентот ќе дејствува независно, ја прашуваме и колку е политички морално да му врти грб на СДСМ на чија листа стана пратеничка, дали некои од нејзините изјави (на пример, за уставни измени со одложено дејство или за воведување законска можност за отповикување градоначалник на референдум) се во функција на доближување до ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе гласа за нов состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за што е неопходно двотретинско мнозинство во парламентот, дали битката за превласт во ЛДП е, всушност, битка за тоа кој ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и ќе го договара делот од колачот… Разговараме и за законските иницијативи на ЛДП, како што е последната за укинување на дел од надоместоците и провизиите што ги наплаќаат банките за различни услуги за граѓаните и фирмите. 360stepeni