Но, тука многу лесно Министерството за надворешни работи може да си поведе постапка и низ консултации да утврди кој во што се мешал, со кого комуницирал, барем сега во 21 век тоа е лесно“, кажа Зајкова.
Во однос на барањата за нејзина смена и трибината што изминатиот викенд се одржа во Битола, од која беше посочено дека партијата го губи својот идентитет и дека е претворена во друштво со ограничена одговорност односно трговец поединец, Зајкова вели дека доколку се види највисокиот правен акт – Статутот, ова прашање во ЛДП е затворено. Fokus
На дополнително прашање дали чувствува дека таа група ја трука кон преговори за влез во власта, лидерката на ЛДП рече дека таа лично не потпаѓа под притисоци оти поаѓа од идеалот на либералната демократија и во Собранието работи за подобри закони за граѓаните.
„Токму тоа и го правам и за тоа добивам поддршка и од Централниот и Извршниот одбор, така што каква и да им е намерата, а најмалце им е да обезбедат подобри позиции за ЛДП или подобри мерки за граѓаните бидејќи јас не слушнав, еве предложивме закон за платни системи, јас не слушнав да го дискутираат тоа прашање ако ги засега либералдемократијата“,. 360stepeni
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, изјави дека не верува дека поранешниот лидер на партијата, Горан Милевски, стои зад иницијативата за нејзина смена.
„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа… тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“ рече Зајкова за „360 степени“ на МРТ 1. Press24
Па, еве пак ќе ве прашам – дали таму каде што има чад има и оган?
Ајде јас да ве прашам, дали ЛДП беше лани првата партија што предложи измени на Законот за локална самоуправа и бараше можност, мотивирани од лошото менаџирање на одредени градоначалници вклучително и на Скопје, каде што јас и вие живееме, да се врати одредбата што постоела до 2002 година? 360stepeni
Која е структурата во партијата што стои зад иницијативата за вонреден конгрес и смена на и каква е улогата во сето тоа на екслидерот Горан Милевски, актуелен амбасадор во Словенија – е една од темите на кои разговараме со претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), која гостува во новото издание на емисијата 360° на МРТ 1. По изјавата дека во Собранието ќе дејствува независно, Зајкова ја прашуваме и колку е политички морално да му врти грб на СДСМ на чија листа стана пратеничка, колку некои изјави, како за уставни измени со одложено дејство или за воведување законска можност за отповикување градоначалник на референдум, се заради приближување до ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласа ли за нов состав на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за што се неопходни најмалку 80 “за”, дали битката за превласт во ЛДП е, всушност, битка за тоа кој ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за влез во власта… Разговараме и за некои од законските иницијативи на ЛДП, како што е неодамнешната за укинување на дел од надоместоците и провизиите што ги наплаќаат банките за различни услуги за граѓаните и компаниите. 360stepeni
Тоа и го правиме и не треба да заборавиме дека ЛДП додека беше во владината коалиција, настапуваше независно, односно промовираше свои политики.
Ние бевме предлагачи на закон за субвенциониран студентски оброк, кој се прифати од сите партии и беше изгласан со консензус, ние бевме противници на прогресивен данок и успеавме да го задржиме рамниот данок, не дадовме поддршка на измените на Кривичниот законик, за Закон за игри на среќа“,. 360stepeni
Имавте забелешки на односот на ДУИ во власта?
Кога сум имала забелешки, отворено сум ги кажувала лично на ДУИ, но сум кажувала и во рамки на колаицијата. 360stepeni
Јас не гледам дека на луѓето во моментов им е дојдено исклучиво до избори.
Во време кога се најавува нова економска криза поради, знаеме што се случува, падот на економијата во Германија, кога светот е под нуклеарна закана, ние постојано да зборуваме за избори и за предизборни коалиции… И во Европа се случувале коалиции. 360stepeni
„Не гледам тука што е неморално ако ЛДП е самостоен политички субјект кој по идеологија припаѓа во центарот, кој во економските политики е поблизок до десницата, а во делот на социјални политики и човекови права е блиска до левицата и тоа секаде во светот е така со либералите, не само во Македонија, да настапува независно со своја политика давајќи поддршка на она што смета дека е добро и е во интерес на граѓаните“, Според Зајкова, нејзината партија можеби не била многу видлива на изборите, но тие воделе независна кампања, додека предизборната коалиција со СДСМ ја наследила од својот претходник.
„Ние и тогаш рековме дека ЛДП ќе даде поддршка на сè што значи поскоро придвижување кон Европската Унија. 360stepeni