Ајде ‘патриоту’ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа кој ти со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор, градоначалник кој ти го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе“, пишува Арсовска во соопштението испратено од Град Скопје.
Нарекувајќи ја самопрогласена реформаторка на јавниот превоз, од партијата на Мицкоски вчера обвинија дека градоначалничката го довела Скопје на раб на колапс. Faktor
„Самопрогласенаата ‘реформаторка’ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс.
Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот ‘Како да се троши без отчетност’“, истакнуваат во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. Kajgana