Тоа се потпретседателите, генералниот секретар, двајца организациски секретари, секртар за меѓународна соработка и нов ИО. Кадрвоската понуда, која ќе биде дадена од СДСМ ќе содржи и нови лица и сериозен капацитет и ќе биде стожерна основа за она што следи понатаму, заедно со главниот концепт, а тоа е платформата со основите на социјалдемократијата, да се консолидираме, многу брзо и да се вратиме на победничките патеки, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24. Press24