Мора да го направиме јавниот транспорт колку може помалку да загадува, нагласи Рокас.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска рече донацијата од Европската унија е успех на Град Скопје, изразувајќи надеж дека ваквата активност ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси. Civilmedia
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.
— Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го чувствуваме веднаш по почетокот на грејната сезона и со години го зема данокот врз здравјето на граѓаните – изјави амбасадорот на Европската унија во земјава, Михаил Рокас, на примопредавањето на шесте еколошки автобуси во Дирекцијата на ЈСП. Novamakedonija
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска официјално ја започна употребата на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас (CNG), како дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, со кој Европската унија ги поддржа напорите за намалување на аерозагадувањето во Македонија. Mk