„Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ.
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат потпретседатели на СДСМ.
Состанокот на Централниот одбор вечерва помина во одлична атмосфера со многу енергија и ентузијазам кај новите членови.
Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.