Покрај законското зголемување од 2.000 денари во март следната година, во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши, кој вели дека сака минималната плата да се зголеми на 600 евра, но нагласи дека треба договор и законски измени и за барањето на Синдикатот минималната плата да биде 450 евра.
Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата.