Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ со критика за новата структура на раководството на СДСМ, избрана на последниот состанок на Централниот одбор на партијата.
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат потпретседатели на СДСМ.
Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес.