Петре Шилегов поранешниот градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство . „Наместо коментар...“, напиша Шилегов и ја објави песната „Во бестрага“ од Нокаут и Игор Џамбазов.
Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, од редовите на Социјадемократскиот сојуз, на својот фејсбук профил, случајно или не, ја објави песната „Во бестрага“, од Игор Џамбазов и Нокаут. Faktor
И поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов го изрази своето незадоволство со изборот на новото раководство на СДСМ.
Тој долго време е на позиција против Венко Филипче и други претходни и сегашни лидери на партијата како Зоран Заев и Димитар Ковачевски, не го крие своето разочарување од кадровските промени и изборите направени во рамките на партијата. Telma
Венко Филипче уште еднаш покажа дека не може сам да стои на свои нозе во политиката и избра кадри кои се продолжена рака на Зоран Заев, се вели во писмената реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ по синоќешниот Централен одбор на нивниот политички опонент на кој СДСМ избра генерален секретар, потпретседатели и двајца организациски секретари.
Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави дека понекогаш се чуди на изјавите од опозицијата.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека речиси сите банки прифатиле да ги исплатат парите од унгарскиот кредит за компаниите.
„Неврохирургот на Заев, Венко Филипче и поранешната претседателка на Сорос во Македонија, Викторија Аврамовска Мадиќ не можат да бидат новите лица на СДС.
Викторија Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ не може да е ново лице во СДС.
Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз – му се обрати преку писмено соопштение скопската градоначалничка Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски откако вчера од неговата партија таа ја доби квалификацијата „кума на хаосот со јавниот превоз во Скопје“.
Во седиштето на СДСМ вечерва седница ќе одржи новоизбраниот Централен одбор на партијата, а според најавите на лидерот на партијата, ќе биде избран новиот Извршен одбор и потпретседателите на партијата.
СДСМ остро реагира на неодговорната и штетна одлука на Владата на Мицкоски да ги намали парите наменети за борба против загадувањето и обезбедување чист воздух.
Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ.
Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес.
Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.
Состанокот на Централниот одбор вечерва помина во одлична атмосфера со многу енергија и ентузијазам кај новите членови.
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат потпретседатели на СДСМ.