ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што нејзини членови треба да одговараат за криминал, смета премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката од ДУИ Арбана Пашоли која обвини дека Владата спроведува „платформа против Албанците“.
Како што рече, „ова не е платформа против Албанците, ова е платформа против партиските профитери и криминалци“, без разлика на нивната етничка припадност, доколку се осомничени за сторен криминал. Kanal5