Граѓаните сакаат да ги видат политичарите заедно на маса, сите лидери на парламентарните партии, и заеднички да испратиме една порака каде што ќе наведеме дека Македонија останува стабилна држава и дека сме посветени на мирот и на соживот, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, во вечерашната „Тема на денот“ на телевизија Сител. Libertas
Лидерската средба треба да испрати неколку пораки за мир и стабилност, односно дека државата е стабилна.
Ја видов реакцијата на премиерот Мицкоски дека размислува, се надевам дека ќе размисли убаво и дека ќе има лидерска средба, бидејќи на државата во моментов и треба една лидерска средба со јасни пораки кон граѓаните да бидат смирени во делот на настаните што се случуваа“, рече Димитријевиќ. Fokus