Според мене, оваа влада демонстрира еден наратив како ретко која досега Влада во Македонија, тотална безидејност на она што се нарекува пат кон европската интеграција“, рече Георгиевски на трибината „Размислувања за иднината на Северна Македонија“, во организација на Странката за демократска акција.
Во своето излагање, Георгиевски истакна дека потребно е да се промени начинот на менаџирање на историската комисија која преговара со бугарската страна и посочи дека потребен е дипломатски пристап. Nezavisen
Кога гледаме речник со висока патетика за одбрана на Македонија, за одбрана на македонскиот идентитет, не можеме да не го поставиме прашањето што е тоа што Македонија ќе го изгуби ако конечно го решиме тој проблем за месец дена и одиме понатаму со разговорите со Европската унија.
Самиот чин на правење проблем, којшто реално не е проблем според философијата на македонската држава, од Илинденското востание, АСНОМ, па првиот Устав за независност на Македонија, па до ден денеска, каде што сме широко отворени за малцинствата и националностите, за мене навистина е несфатливо. Novamakedonija