Ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз – му се обрати преку писмено соопштение скопската градоначалничка Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера од неговата партија ја доби квалификацијата „кума на хаосот со јавниот превоз во Скопје“.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека речиси сите банки прифатиле да ги исплатат парите од унгарскиот кредит на компаниите.
Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.