Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.
Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Македонија и ширум светот. Kanal5
Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Северна Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.
Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Северна Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество.“, се вели во соопштението на ДУИ. Skopjeinfo
Заедно со речиси сите парти и Демократската унија за интеграција го осуди палењето на македонското знаме, но во исто време имаше остри зборови за наводната полициска интервенција за време на прославата на Денот на албанското знаме. Nezavisen