„Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени“ се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ.
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат потпретседатели на СДСМ.
Состанокот на Централниот одбор вечерва помина во одлична атмосфера со многу енергија и ентузијазам кај новите членови.
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес.