За поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е несфатливо зошто денеска се шири речник со висока патетика за одбрана на Македонија, наместо да биде решено за кусо време прашањето за уставните измени и државата да продолжи понатаму.
Никогаш не сме биле толку блиску до Европската унија, треба да направиме само еден чекор, којшто според мене е безболен чекор иако го претставуваат како голем удар врз македонскиот народ, а тоа е внесувањето на шесте народи во преамбулата, изјави денеска поранешниот премиер Љубчо Георгиевски на трибината „Размислувања за иднината на Северна Македонија“, во организација на Странка на Демократска акција (СДА) на Македонија . Во своето излагање, Георгиевски истакна дека потребно е да се промени начинот на менаџирање на историската комисија која преговара со бугарската страна и посочи дека потребен е дипломатски пристап.