Ако некој го прекршил законот, треба да одговара.
За жал гледаме дека секојдневно расте и националистичката реторика и се случуваат инциденти, тоа е нешто што сериозно нè загрижува и иако ДУИ најави интерпелација за министерот Панче Тошковски, ние сме на став дека треба да се организира лидерска средба зашто меѓуетничките односи не се работа која треба да се адресира или менаџира со правни инструменти како интерпелација – рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Интерпелацијата на Тошковски, која ја најави ДУИ, нема да донесе ништо добро, туку со остра реторика во Собранието може да се влоши состојбата, одговори претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на прашањето зошто неговата партија бара лидерска средба и вели дека нема да ја поддржат најавената интерпелација.