Сузбиена е 18-члена организирана криминална група, која извршувала убиства, изнуди, а е поврзана и со палењето на автомобилите на вработени во затворската полиција, информираше на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изнесе детали за предметот „Беланоца-Барон“, а за кој претходно детално информираше и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека под истрага се поранешен премиер, вицепремиер, генерален секретар, директор и државни службеници за со криминалот во Лотарија на Македонија.
Обинувањата кои беа насочени кон мене, македонските граѓани многу добро знаат дека е обичен обид за манипулација и истите се многу мудри и не потпаѓаат под таков обид за манипулација затоа што бројките говорат колку имало претходната година, а колку има оваа година.