Премногу е случајно тоа што Артан Груби исчезна два дена откако е поднесена кривичната пријава против него, дека слободно ја поминува границата и има премногу сомнежи дека тоа не е случајно, рече заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа рече дека Груби ја поминал границата со Косово, покажувајќи ги своите патни исправи, а при тоа службеникот којшто е на смена, не го проверил, иако има веќе забрана за премин на границата, а другите службениците, на граничниот премин имаат на себе камери кои во тој момент немаат батерии, односно камерите не работат.