Државната награда за остварувања во областа на публицистиката и новинарството „Мито Хаџи Василев – Јасмин“, денеска, во Кристалната сала на македонското Собрание им беше врачена на публицистите Иван Антоновски и Делбина Крлуку, како и на новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски.
Добитниците во нивните обраќања ја истакнаа важноста и значењето на Мито Хаџи Василев – Јасмин, за неговиот придонес кон градењето на македонското новинарство и публицистика и упатија благодарност до Одборот за доделување на државната награда. Novamakedonija
Мито Хаџи Василев – Јасмин е истакна личност на државотворната народноослободителна војна.
Јасмин по ослободувањето на фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции, рече Бојаровски. Libertas
Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе биде врачена државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ државната награда за остварување во областа на публицистиката ќе им ја додели на Иван Антоновски и Делвина Крлуку, а за остварување во областа на новинарството на Атанас Костовски и Љупчо Јолевски. A1on
Јасмин по ослободувањето на фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции – рече Бојаровски.
Од крајот на 1945 година до први јануари 1948 година, Мито Хаџи Василев – Јасмин бил главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, каде има постигнато извонредни резултати во полето на новинарството и публицистиката. Novamakedonija