Денеска како главен проблем на идејната изградба среде општествените противречности што ја засегаат културата се јавува неопходноста од решителна борба против формализмот, практицизмот и субјективизмот…“ На овие инспиративни зборови на Мито Хаџи Василев – Јасмин, изречени во педесеттите години на минатиот век, се повика Иван Антоновски, викендов, во Собранието на РСМ, кога му беше врачена државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, за остварувања во областа на публицистиката од интерес на Република Македонија, за книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“. Nezavisen