СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира, изјави на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПННЕ, Бране Петрушевски.
Посочи дека жално е да се гледа како сега СДС од петни жили се обидуваат да смислуваат сценарија, кога тие додека делеа власт се плашеа да го спомнат Груби, а не пак да го повикаат на одговорност.