Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Libertas
За нас, вин би била можноста да се занимаваме со европски реформи, наместо со балкански пречки и ние би брзале да ги завршиме преговорите.
За двете држави вин-вин би било засиленото пријателство и докажаното добрососедство – нагласи Сиљановска Давкова. Plusinfo