Не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието.
Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Netpress
Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме. Novamakedonija
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека по Нова година ќе преземат мерки против судии и обвинители, но не кажа конкретно дали ќе почне процедура за разрешување на членови на Судскиот совет.
Неофицијално не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието. Libertas
Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згрешат ако ги разрешат членовите на Судски совет избрани од Парламентот. Kanal5