Сојузот на Здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со дијабетес и во името на над 130.000 лица со дијабетес во државата, изрази огромно незадоволство од усвоениот Буџет во делот за програмата за инсулинска терапија.
Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Северна Македонија, денеска достави барања за подобра здравствена заштита до Влада, Министерство за здравство и до Фонд за здравствено осигурување, информираа од СЗДСМ.