Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП – Скопје обезбедени со релоцирање од буџетот на Министерството за образование и наука. Telma
Министерката Јаневска се заблагодари на Владата и посочи дека студентите и следната година ќе имаат бесплатен превоз што е особено значајно за нив и е насушна потреба бидејќи во јануари имаат сесија.
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и МОН на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година. Nezavisen
Свесни за фактот дека студентите се нашата иднина, но и за тоа дека секојдневно се соочуваат со големи предизвици, високи трошоци за школување, сместување и живот, јавниот превоз е еден од главните трошоци за студентите.
Затоа Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Град Скопје, односно на ЈСП Скопје за да може оваа мерка непречено да се реализира и следната календарска година, рече Мицкоски, на заедничка прес-конференција со министерката за образование Весна Јаневска. Telma
Претходно премиерот Христијан Мицкоски го повика менаџментот на ЈСП и Град Скопје да си надминат недоразбирањата, додавајќи дека проблемот не е во немањето нафта, туку е административен.
Инаку, Владата на седница одлучи да му додели на Градот, поточно на ЈСП, 120 милиони денари. Mk
Најголемиот дел од автобусите веќе се паркирани во гаражите, а останатите ќе снемаат гориво за два до три часа.
Информацијата за Сител ја потврдија Синдикатот на вработените во ЈСП Скопје и Независниот синдикат на возачи. Libertas