Потоа, Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка – се наведува во делот од заклучоците посветени на земјава.
Покрај нагласувањето на потребата за преземање „постојани и решителни чекори за да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, особено во областите на основните вредности и владеењето на правото, каде што е постигнат само ограничен напредок“, во заклучоците се потсетува на важноста од „постигнувањето видливи резултати од имплементацијата со добра волја на билатералните договори, вклучително и на Договорот од Преспа со Грција и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, во согласност со Преговарачката рамка“. Novamakedonija
Средствата ќе се користат за обезбедување технологии наменети за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, за логистичка и инженерска опрема и комуникациски и информациски системи, како и за техничка обука за користење на опремата.
Според Европската служба за надворешни работи, оваа, заедно со одлуката на Унијата од март 2023 година за зајакнување на капацитетите на Вооружените сили на земјава преку подобрување и надградба на опремата на нејзиниот лесен пешадиски баталјон, ја одразуваат благодарноста на ЕУ за целосното усогласување на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што е нејзин многу јасен стратешки избор за иднина во блокот. Novamakedonija
Упатувањето на овие летала беше спроведено во рамки Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што, според тогашниот еврокомесар за справување со кризи Јанез Ленарчич, покажува како изгледа солидарноста на ЕУ во пракса.
Претходно, во мај, Европската комисија обезбеди позајмици за Северна Македонија во износ од 50 милиони евра, наменети за поддршка на макроекономската стабилност на земјата и за спроведување на реформите поврзани со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Тоа ќе и помогне на Северна Македонија да напредува и на нејзиниот европски пат – нагласи Европската комисија. Novamakedonija
И во Завршната декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан, одржан на 18 декември, се посочува дека „помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати, вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија“, без при тоа во текстот директно да се именува или посочи земјава.
Во документот се нагласува и дека заеднички интерес на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан е забрзувањето на пристапниот процес, „заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, на правична и ригорозна условеност и на принципот на индивидуални заслуги“. Novamakedonija
Земјава остана на заложбите за членство во ЕУ и во текот на 2024 година, но нејзиното напредување на евроинтегративниот пат и натаму е условено со исполнување на обврските утврдени со Преговарачката рамка, пред се поврзани со промените на Уставот. Faktor