A1on
Мобилизација на комуналните инспектори, редари и инспектори за животната средина, да ги лоцираат и санкционираат причнителите за оваа катастрофа; Затворање на најголемите загадувачи и спроведување на вонредни, транспарентни инспекциски надзори низ индустриските капацитети; Централните, градските и локалните органи веднаш да преземат мерки за расчистување на сите диви депонии; Ослободување од работа на сите ранливи категории, хронично болни, бремени жени и работници нужно изложени на овој токсичен воздух.
Сепак, со владејачки гарнитури докажано склони на коруптивни практики, воопшто не нѐ чуди зошто и покрај сите статистики на смртност поради аерозагадувањето, и покрај општопознатиот факт дека овој период секоја година нѐ носи до европските и светските врвови на загаденост – упорно не се презема ниту една превентивна мерка, ниту пак некој од јавно познатите, очевидни, загадувачи одговарал за овој геноцид, се вели во соопштението од Левица. A1on