Левица е подготвена да достави предлог за разрешување на Даути, најави партијата, откако претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека со изгласаната интерпелација за претедателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, завршиле неговите обрски согласно Деловникот.
Претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути од Европскиот фронт, ќе се повлече од функцијата ако мора да го спроведе заклучокот на Собранието, односно да закаже седница за Законот за бранителите, откако парламентот со 61 глас во минатиот петок и ја изгласа интерпелацијата поднесена од пратеничката група на Левица.
Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.