На средбата се разгледаа и можностите за продлабочување на регионалната соработка преку заеднички проекти и иницијативи, особено во области каде преку тесна соработка би можеле да се зајакнат напорите на двете земји за пристапување во Унијата.
Муртезани и Стефанишина се согласија дека унисониот пристап во решавањето на заедничките предизвици и искористувањето на можностите што ги нуди процесот на интеграција во ЕУ, се од круцијална вредност како за Украина, така и за Северна Македонија. Libertas
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Киев оствари средба со заменик претседателката на Владата на Украина, задолжена за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина.
Во фокусот на средбата беше потпишувањето на Меморандум за соработка меѓу Северна Македонија и Украина за прашања поврзани со интеграцијата во Европската Унија, за што назначени како потписници во името на Владите на двете земји се нивните главни преговарачи со ЕУ, Муртезани и Стефанишина. Press24
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Киев имаше средба со заменик-претседателката на Владата на Украина, задолжена за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина. Plusinfo
Единството и солидарноста меѓу нашите народи се клучни за градење силна и обединета Европа, истакна Муртезани.
Соговорниците констатираа дека Меморандумот за разбирање е значаен чекор во градењето на поблиска соработка меѓу двете земји, со цел размена на знаење и искуства кои ќе придонесат за поуспешно остварување на заедничките цели за членство во Европската Унија. Kanal5
Меморандумот опфаќа размена на искуства и знаења во различни области, вклучувајќи законодавство, судски реформи, борба против корупција и организиран криминал, како и промоција на европските вредности.
Страните се обврзуваат да соработуваат во унапредување на институционалните капацитети, како и да разменуваат експертиза за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Меморандумот исто така предвидува организирање на заеднички настани, обуки и иницијативи за поддршка на европската интеграција на Украина и Северна Македонија. Libertas
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денска до 19 јануари ќе престојува во работни посети на Полска и на Украина.
За време на посетата на Полска министерот Муртезани ќе се сретне со полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, соопшти Министесртвото за евопски прашања. Kanal5