Премиерот Христијан Мицкоски од денеска во наредните неколку дена ќе биде во работна посета на САД, каде ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Libertas
Претседателот на Владата, дополни дека и сега има голем број американски компании што веќе се присутни со свои инвестиции тука, коишто вработуваат македонски граѓани, произведуваат македонски производи кои се применуваат на американскиот пазар.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски неделава во гостување на Топ тема, изјави дека ќе биде во составот на делегацијата која ќе ја предводи премиерот Мицкоски на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон, чин, што го оцени како многу значаен за нашата држава. Kanal5
Посетата на САД и присуството на инаугурацијата на Трамп, премиерот Мицкоски првпат ја најави во новогодишното интервју за МИА.
Тогаш кажа дека на 18 јануари заминува во посета на Соединетите Американски Држави, два дена пред инаугурација на новоизбраниот американски претседател Трамп. Plusinfo
Исто така, Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции, се вели во владиното соопштение.
Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави. Kanal5