„За какви луѓе станува збор?
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“, откако СДСМ обвини дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во текот на самата тендерска постапка.
Како скандалозна и забегана ја оцени СДСМ најавата на директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата за купување нов авион за владините фукцинери, додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, ниту пак за лекови.
Процедурата за имплементација на црвено-жолти регистарски таблички на службените возила очекувам дека целосно ќе биде завршена за два до три месеци – одговори директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на прашањето зошто се оддолжува воведувањето на регистарски таблички во специфична боја како мерка за ограничување на злоупотреба на службените возила.