Денеска ќе објавиме нови информации за последниот скандал на власта на ДПМНЕ со тендерот од 3,5 милиони евра во СОЗР поврзан со роднини на директорот Ивица Томовски.
Процедурата за имплементација на црвено-жолти регистарски таблички на службените возила очекувам дека целосно ќе биде завршена за два до три месеци – одговори директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, на прашањето зошто се оддолжува воведувањето на регистарски таблички во специфична боја како мерка за ограничување на злоупотреба на службените возила.
На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, објави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски демантира дека има роднински врски со сопствениците на компанијата „Праеториан“, откако СДСМ обвини дека тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во текот на самата тендерска постапка.